АРСЕНАЛИ ПО СЕЛАТА, ПОЛИЦИЈАТА ТРЕСЕЛА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ Четворица приведени во Битолско, Прилепско, Крушевско и во Македонски Брод

Во домовите на осомничените биле пронајдени ловечки пушки, пиштоли, рамки, делови за оружје и повеќе од 50 парчиња муниција од различен калибар.

906

Полицијата во петокот извршила претреси во битолско, прилепско, крушевско и во Македонски Брод, каде се пронајдени оружје и муниција. Во овие претреси лишени од слобода се 4 лица, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп во с.Обршани го лишија од слобода 41-годишниот Д.М. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени се ловечка пушка и патрони различен калибар.






Во битолското село Цапари вчера полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Ј.Н.(44) затоа што во неговиот дом се пронајдени 5 пушки, 4 пиштоли, како и 39 парчиња муниција од различен калибар.

Во крушевското село Пресил вчера полициски службеници од ОВР Прилеп и од ОВР Крушево го лишиле од слобода И.Р. Врз основа на наредба од Основниот суд Прилеп извршен е претрес во неговиот дом и пронајдени се две рамки за пиштол и муниција различен калибар.

Исто така, како што информираат од МВР, вчера во с.Горно Ботушје, општина Македонски Брод, полициските службеници го привеле З.М.(58) од Македонски Брод. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се 15 патрони за ловечка пушка и делови за оружје.

Поврзани содржини