АРМИЈАТА ЌЕ ОДЛУЧИ КАКО РУСИЈА ЌЕ ОДГОВОРИ ЗА „ПАЈАЖИНА“ Песков потврди дека се спрема жестока одмазда
Oдговорот ќе дојде кога и на начин што нашите војници ќе го сметаат за соодветен, изјави портпаролот на Кремљ за можниот руски одговор за украинската акција „Пајажина“, потврдувајќи ги зборовите дека „Русија ќе мора да одговори“ кои телефонски му ги пренел рускиот на американскиот претседател.
Москва предупреди дека руската армија ќе возврати откако Украина со операцијата „Пајажина“ уништи бомбардери на четири аеродроми. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска рече дека „oдговорот ќе дојде кога и на начин што нашите војници ќе го сметаат за соодветен“, јави РИА Новости.
За време на викендот, Украина ја спроведе операцијата наречена „Пајажина“ и, според повеќе извори, уништи неколку тешки бомбардери на четири руски воени аеродроми.
Руската страна не открива детали, но јасно е дека ударот предизвикал сериозни последици. Рускиот и американскиот претседател , како што потврди Кремљ, разговарале по телефон во средата, на 4 јуни. Темите не застанале само на Украина, на маса се нашло и иранското нуклеарно прашање.
– Русија ќе мора да одговори – рекол Путин, а Песков денес ја пренесе истата порака пред новинарите во Москва.