АРМ: Без паника, хеликоптерите изведуваат редовни летачки активности

Од страна на Воздухопловниот ВИНГ на Армијата, вчера и денеска се изведуваат редовни летачки активности со хеликоптери над посочениот реон, со примена како и секогаш досега на сите летачки безбедносни процедури за ваков вид на активности – објаснуваат од АРМ за Плусинфо.

691

Невообичаено ниските прелети на армиските хеликоптери ги вознемирија скопјани, но од Армијата за Плусинфо објаснуваат дека нема место за паника, бидејќи, како што велат, со хеликоптерите се изведуваат редовни летачки активности и дека се преземени сите летачки безбедносни процедури.

– Од страна на Воздухопловниот ВИНГ на Армијата, вчера и денеска се изведуваат редовни летачки активности со хеликоптери над посочениот реон, со примена како и секогаш досега на сите летачки безбедносни процедури за ваков вид на активности – објаснуваат од АРМ за Плусинфо.






Оттаму не одговорија за какви точно редовни летачки активности станува збор, а не добивме одговор ниту на прашањето зошто се вршат толку ниски летови кои ги вознемируваат граѓаните.

Инаку, како што претходно објавивме, наши читатели од Долна Матка ни испратија фотографии на кои можеше да се забележи хеликоптер во низок лет ги надлетало покривите на куќите во селото. Летот на воениот хеликоптер се случил некаде околу 11.40 часот, а притоа ги вознемирило жителите на ова населено место.

Истите хеликоптери постојано надлетуваат и над Волково, Бардовци, Карпош…

Поврзани содржини