АРИФИ ПО СОСТАНОКОТ НА КРИЗНИОТ ШТАБ Нема изјави додека не се добијат официјални податоци од истражните органи
Се очекуваат повеќе детали за несреќата во текот на ноќта или утрешниот ден.
Градоначалничката на Тетово , Теута Арифи по состанокот на кризниот штаб изјави дека нема да се даваат изјави, ниту детали за трагедијата, се додека не се добијат попрецизни информации по завршувањето на истрагата.
Од истите причини и премиерот Зоран Заев ја напушти зградата на Општина tетово без изјава. Се очекуваат повеќе детали за несреќата во текот на ноќта или утрешниот ден.