Арените во Софија и Загреб се претворија во болници (ФОТО+ВИДЕО)

1,902

Најголемите сали во главните градови на Бугарија и Хрватска, „Арена Армеец“ и „Загрепска арена“ од денеска се претворени во резервни болници, каде што се поставени кревети кои ќе бидат секундарни центри за прием на заболени од коронавирусот.






– Од утринава салата „Арена Армеец“ во Софија се претвора во болница со цел да се спречи ова зло – објави на Фејсбук премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.

Истата ситуација е и во „Загрепската арена“ која се претвора во резервна болница. Работите веќе се започнати и болничките кревети се поставуваат внатре во Арената.

– Тоа што може да се види на снимките ја покажува нашата подготвеност – вели министерот Вили Берош кој ја коментираше снимката на која се гледа поставувањето на креветите во Арената.

Поврзани содржини