Арбр Адеми: Нема да ги признаам резултатите од пописот ако Албанците се под 20 отсто
Бројот на учениците за учебната година 2017/18 година е 121.272 Македонци, односно 64.22 отсто, а 60.709 Албанци, односно 32.15 отсто - рече поранешниот министер за образование.
Доколку на пописот излезе дека Албанците се помалку од 20 отсто, тогаш немад а ги признаам резултатите, рече пратеникот од редовите на ДУИ, Арбр Адеми, во вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.
Адеми, како поранешен министер за образование и наука, изнесе и податоци за бројот на запишани ученици од учебната 2017/18 година.
– Дали може како министер за образование да споделам еден податок со вас – бројот на учениците за учебната година 2017/18 година е 121.272 Македонци, односно 64.22 отсто, а 60.709 Албанци, односно 32.15 отсто – рече Адеми.
И според пратеникот на Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, Халил Снопче, Албанците во земјава се над 29 отсто.
– Доколку ги земеме податоците од 2002 година ние можеме да имаме сомнежи, некому можеби нема да му одговара, некој можеби ќе каже дека сме 35-40 отсто, но ако ги земеме податоците од 2002 година и ги анализираме статистички бројките на родени и починати од 2013 до 2019 година, јас ви гарантирам дека не се помалку од 29 отсто, туку над 29 отсто – рече Снопче.