АРБИТРАЖНИОТ СУД ВО ПАРИЗ ПРЕСУДИ Македонија да плати 25,6 милиони евра за непочитување на договорот за ОКТА

Грчката енергетска компанија „Хеленик петролеум“ ја тужеше државава поради неисполнување на договорните обврски за купување најмалку 500.000 тони нафта од Грција на годишно ниво.

1,957

Уште 25,6 мииони евра казна ќе треба да плати државава за кршење на договорот со поранешен „Хеленик петролеум“ за ОКТА., објавија грчки и француски медиуми.

Арбитражниот суд во Париз пресуди во корист на грчката енергетска компанија која бараше  32 милиони евра.






Грчката енергетска компанија ја тужеше државава поради неисполнување на договорните обврски за купување најмалку 500.000 тони нафта од Грција на годишно ниво.

Првично „Хеленик петролеум“ бараше отштетата да изнесува 40 милиони евра.

Со договорот за продажба на ОКТА, потпишан од владата на Љубчо Георгиевски, во 1998 година, државата беше обврзана 20 години да купува по 500.000 тони мазут годишно, што е повеќекратно повеќе од потребите, па Македонија престана да ја почитува обврската.

Овој договор долги години беше оценуван како штетен.

Неодамна грчката компанија најави дека ќе го рестартитра нафтоводот Скопје – Солун изграден за пренос на нафта. Компанијата која е дел од „Хеленик енерџи“ поднесе и барање за лиценца за пренос на дизел до Регулаторната комисија за енергетика.

 

Поврзани содржини