АПСОЛУТНО СМЕ ПРОТИВ ДУИ ДА ИМА ТЕХНИЧКИ ПРЕМИЕР! Таа партија е криминална, тоа би било сосема несоодветно, смета Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ

Истражувачките медиуми, онлајн портали и различни граѓански организации нè информираат секојдневно дека тие (ДУИ) се извор на скандали и на корупција. И сосема несоодветно е кадар од таа политичка партија да ја води идната Влада - нагласи Муцунски.

240

Следејќи сè што се случува во последниве години во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ е апсолутно против ДУИ да има претседател на техничка влада – истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром Тимчо Муцунски во гостување во „Тема на денот” на Сител телевизија.

– ДУИ е политичка партија која што во моментов, актуелното нејзино раководство и луѓето кои што се нејзини претставници во извршната власт, секојдневно гледаме како преку медиумите, истражувачките медиуми, онлајн портали и различни граѓански организации, нè информираат како тие се извор на скандали и на корупција. И сосема несоодветно е кадар од таа политичка партија да ја води идната Влада нагласи Муцунски.






Тој очекува од владата, односно владејачката коалиција, да покаже трезвеност, кон тоа што е нејзина одговорност – кон институциите на системот.

– Ние подолг период апелираме на одржување на заеднички избори. Па, ако се сеќавате имаше различни информации кои што ги профилираа тие, дури и дека имаше шпекулации дека планираат парламентарните избори да се случат некаде во август, септември, дури и да се надминуваат тие рокови. Но, драго ни е што доаѓаат на позиции кои што се извор на наши подолг период. – Но, на крајот на денот, не е релевантно чии биле тие позиции. Битно е заради предвидливост и на економијата, и на деловниот свет, и на сите наши граѓани зависно од која област тие работат, да знаеме кога се изборите. 2024 година е изборна година и да можеме да тргнеме напред во рамките на законските исполнувања на сите тие процеси и државата да може во 2024 година да добие нов претседател и нова Влада која што ќе може да ја води Македонија на вистински патеки – рече Муцунски.

Тој посочи дека со сигурност идната Влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ.

– За нас е значајно да имаме коалициони партнери, владина програма, да имаме политики, да дискутираме врз основа на принципи, да имаме Влада која што ќе биде насочена на привлекување на странски директни инвестиции итн – појасни Муцунски.

 

Поврзани содржини