АПСЕЊЕ ВО СТОПАНСКИ ДВОР Приведен е 68-годишник, фалсификувал документ

Како што посочуваат од МВР, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната. 

233

Полициски службеници уапсија скопјанец баран по централна потерница за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „фалсификување исправа”.

„Денеска во 12:55 часот на улица 51 во населба Стопански двор во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Тим потраги при Одделението за криминалистички потраги Ѓорче Петров го лишиле од слобода Г.П. (68) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело фалсификување исправа по член 378 од Кривичниот законик“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.






Како што посочуваат од МВР, лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.

Поврзани содржини