АПСЕЊЕ СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ОХРИД Полицајците го начекале додека крадел автомобил
Како што е наведено во полицискиот билтен, тој бил затекнат на улицата Јане Сандански во обид насилно да ја отвори возачката врата на патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Охрид, и да изврши кражба.
Вчера во 15.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(57) од Охрид, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
Како што е наведено во полицискиот билтен, тој бил затекнат на улицата Јане Сандански во обид насилно да ја отвори возачката врата на патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на С.С. од Охрид, и да изврши кражба.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.