Апостолоски: Наумоски двапати за пет месеци го асфалтираше кружниот тек во Волково

Советникот на Ѓорче Петров вели дека градоначалникот Александар Наумовски го преспал целиот мандат и дега пред избори се фали со дивоградби.

1,365

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Општина Ѓорче Петров Данијел Апсотолоски денеска обвини дека градоначалникот Александар Наумоски работи незаконито и во целиот мандат скоро ништо и не изработил во корист на граѓаните на општината.

Тој рече дека Наумовски го преспал мандатот и сега пред избори се обидува да покаже некаква активност и се фали со дивоградби.






Според него, Наумовски сега се фали со кружниот тек во Волково кој е дивоградба, но двапати е афлатиран за пет месеци.

 — Наумоски се фали дека е многу  активен, а не знае дека граѓаните на Кучково, Орман, Никиштани немаат редовен автобуски превоз токму поради неговите избрзани идеи донесени под притисок од четиригодишното неработење.Наумоски е загрижен само за тоа дали ќе добие нова кандидатура од неговата партија за да може да продолжи со неработењето и зголемувањето на личното богатство – рече Апсотолоски.

Тој додаде дека граѓаните во октомври по победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Ѓорче Петров ќе добијат посветен градоначалник кој ќе работи секој ден за нивните потреби, а нема да се сеќава на нив само кога се изборите.

 – Волково ќе биде во приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ и новата локална власт и ќе им одржиме лекција на Наумоски и неработниците од СДСМ како се работи за својата општина и својот народ – рече Апостолски.

Поврзани содржини