ЈАПОНИЈА ПОГУБИ МАЖ КОЈ ПОДМЕТНАЛ ПОЖАР ВО КОЈ ЗАГИНАА 5 ЛИЦА Пресудата за смртна казна со бесење е донесена во 2011 година

Јапонија и САД се единствените држави од групата Г7 кои сè уште ја спроведуваат смртната казна.

0

Јапонија изврши смртна казна врз маж осуден за убиство на пет лица во подметнат пожар во 2009 година. Ова е прво погубување во земјата по повеќе од една година, пишува BBC News.

Сунао Таками (58) е осуден бидејќи во 2009 година полил со бензин и запалил салон за пачинко игри во Осака, недалеку од својот дом. Пет лица го загубија животот во пожарот, од кои четворица посетители и еден вработен. Пачинко игрите се популарни игри на среќа во Јапонија.






Судскиот совет, составен од тројца судии и шестмина поротници, ги отфрли тврдењата на одбраната дека Таками бил непресметлив во моментот на злосторството. Пресудата за смртна казна со бесење беше донесена во 2011 година.

Министерот за правда Хироши Хирагучи изјави дека налогот за погубување е издаден по внимателно и темелно разгледување. Ова е прво погубување извршено за време на администрацијата на премиерката Такаичи.

Последната смртна казна во Јапонија беше извршена во јуни минатата година врз Такахиро Шираиши, прогласен за „убиецот од Твитер“, кој во 2017 година уби и распарчи девет лица. Делови од тела беа пронајдени во октомври 2017 година во градот Зами близу Токио, за време на потрагата по една од жртвите.

Јапонија и САД се единствените држави од групата Г7 кои сè уште ја спроведуваат смртната казна.

Јавната поддршка за оваа казна во Јапонија е многу силна, според анкетите. Здруженијата за човекови права остро ги критикуваат овие практики. Осудениците на смрт поминуваат години во самици. Нетранспарентноста на постапката е голема бидејќи осудениците се известуваат за погубувањето само неколку часа пред самото извршување.

 

Поврзани содржини