🎥 АПОКАЛИПТИЧНИ СЦЕНИ ВО ИНДОНЕЗИЈА Ерупција на вулканот Руанг, планината исфрла опасни врели облаци

Ерупцијата на Руанг беше предизвикана од неодамнешните земјотреси на островот, при што планината исфрли опасни и „експлозивни врели облаци“ високи до 1,8 километри на небото.

209

Најмалку 800 луѓе се евакуирани во индонезиската провинција Сулавеси по повеќекратните ерупции на вулканot Руанг, кој со денови исфрла лава и облаци од пепел, соопшти денеска државната вулканолошка агенција.

Вулканот, кој се наоѓа на островот Руанг, на околу 100 километри од главниот град на провинцијата Манадо, еруптираше повеќе од три пати од вторникот.






Властите го подигнаа нивото на тревога на второто највисоко ниво по зголемената активност, соопшти Херунингтјас Деси Пурнамасари, службеник во Центарот за вулканологија и ублажување на геолошките опасности во Индонезија (ПВМБГ).

– Ерупцијата Руанг беше предизвикана од неодамнешните земјотреси на островот, при што планината исфрли опасни и „експлозивни врели облаци“ високи до 1,8 километри на небото. Мораме да го евакуираме островот бидејќи предвидуваме дека може да има уште ерупции. Никаква активност не е дозволена на четири километри од кратерот – рече Пурнамасари.

Снимката покажува црвена лава како тече по планината и над кратерот извираат облаци од сива пепел.

– Островот Руанг е дом на околу 838 жители, од кои повеќето сега се евакуирани на најблискиот остров Тагуландан – рече Херунингтјас.

Индонезија се наоѓа на таканаречениот Пацифички огнен прстен, област со висока сеизмичка активност која се наоѓа над повеќе тектонски плочи.

Поврзани содржини