Апел на чешката полиција: Елен украде пушка од ловџија, ако ја најдете, јавете ни!

Инцидентот се случил откако кучето го исплашило еленот, кој потоа истрчал кон еден од ловџиите, го искинал ракавот и со роговите го зграпчил ременот на пушката „стршлен 0,22“ - соопшти полицијата.

344

Полицијата во Чешка побара помош во решавање на необичен случај, бидејќи елен „украл пушка“ од ловџија и избегал.

Инцидентот се случил откако кучето го исплашило еленот, кој потоа истрчал кон еден од ловџиите, го искинал ракавот и со роговите го зграпчил ременот на пушката „стршлен 0,22“ – соопшти полицијата.






– Пушката, која ловџијата ја имал преку левата рака, за среќа е без муниција, се лизнала на роговите на еленот и тој исчезнал со неа – изјавија од полицијата.

Полицијата соопшти дека подоцна друг ловџија забележал елен, кој сè уште „носел пушка“ на растојание од околу еден километар, пренесува „Ројтерс“.

– Ловџиите ја пребаруваа шумата, но не ја најдоа пушката. Тие немаа друг избор освен да го пријават настанот кај нас – рекоа во полицијата и додадоа дека секој што ќе најде оружје треба да контактира со властите.

Поврзани содржини