Апасиев потврди дека Левица има заробен депозит во Еуростандард банка: Ние сме учени без пари, баш герилски и партизански!
Апасиев најави дека Левица ќе води правна битка за поврат на заробените пари, но и дека следната година партијата ќе добие повеќе пари од државата поради резултатот на изборите. Апасиев вели дека Левица ќе бие битка и за „радикална реформа на лихво-банкарскиот сектор“.
Димитар Апасиев, лидерот на „Левица“, на Фејсбук предмалку објави дека неговата партија има заробени пари во Еуростандард банка на која во мината недела ѝ беше одземена лиценцата за работа.
Тој најави дека Левица ќе води правна битка за поврат на заробените пари, но и дека следната година партијата ќе добие повеќе пари од државата поради резултатот на изборите. Апасиев вели дека Левица ќе бие битка и за „радикална реформа на лихво-банкарскиот сектор“.
„Гледам восклик од ситечка злорадост кај нашите политички непријатели, за блокираната голема сума пари на Левица во пропаднатата Еуростандард банка. И не им фаќам за зло. Тоа се таков калибар ситнобуржујски луѓе кои мислат дека парите се сè во животот. И затоа имам огромна жал за нив. А НИЕ…Ние сме учени без пари. Онака, баш герилски и партизански. Во тоа, всушност, лежи нашата сила!