Апасиев поднесе кривични пријави против заканувачите

898

Денеска, претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, заедно со неговиот адвокатски тим, во архивата на Основното јавно обвинителство Скопје ја поднесоа кривичната пријава против Мерсиха Смаиловиќ од Скопје и уште шестмина други лица кои му се закануваа нему и на членовите на неговото поблиско семејство, соопшти Левица.

„Наводите од пријавата, претходно записнички се пријавени и до надлежните инспектори во МВР – СВР Скопје, Одделение за борба со компјутерски криминал. Кривичната пријава е поднесена поради постоење основи за сомневање за сторено тешко кривично дело: „Ширење на расисистички и ксенофобичен материјал по пат на комјутерски систем“ казниво по член 394-г, ст. 1 од Кривичниот законик на РМ, како и за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“ – казниво по чл. 144, ст. 4, а во врска со чл. 23 од КЗ (поттикнување). Очекуваме ОЈО Скопје да постапи по пријавата со истата експедитивност како кога пријавен беше нашиот претседател Апасиев и да ги преземе сите процесни, предистражни и истражни дејствија – слично како во други експонирани случаи, кога како пријавители се јавуваа носители на јавни функции од власта, а нивните заканувачи беа експресно санкционирани (примерите со премиерот Зоран Заев, министерот Оливер Спасовски, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и др.). Партијата Левица будно ќе го следи текот на истрагата и благовремено ќе ја информира јавноста за постапувањето или непостапувањето на обвинителите од ОЈО по конкретниов предмет“, се вели во соопштението.

Поврзани содржини