АПАСИЕВ ГО ПОТВРДИ МНОЗИНСТВОТО Имаме 61 пратеник со тенденција да стасаме до 64

1,514

Претседателот на Левица Димитар Апасиев и градоначалниот на Гостивар и претставник на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари потврдија дека успеале да стасаат до ново парламентарно мнозинство.

Изјавите ги дода пред камерата на ТВ Клан на излегување од Собранието, каде имаа средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на Алтеранатива, Арбен Гаши и со генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа.






– Нова Влада, 61 – кусо искоментира Таравари за ТВ Клан.

Апасиев рече дека обезбедиле 61 пратеник, со тенденција да се стаса до 64 пратеници.

– Да. Имаме ново мнозинство од вечерва. Го сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Алијанса, Левица и Беса – рече Апасиев.

Поврзани содржини