АПАСИЕВ ГО НАВРЕДУВАЛ НОВИНАРОТ ЗЛАТЕВ Лидерот на Левица доби воспитна од АВМУ

„Сите, а особено политичарите и носителите на јавни функции треба да се воздржат од омаловажување, навредување и непримерна комуникација и јавните дебати треба да ги водат со аргументи, меѓусебно почитување и на јазик којшто ги промовира демократските вредности“, се вели во соопштението.

420

Во врска со недоличните зборови на пратеникот Димитар Апасиев упатени кон новинарот Љупчо Златев на социјалната мрежа Фејсбук, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) потенцира дека носителите на јавни функции треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на достоинството на медиумските работници.

„Сите, а особено политичарите и носителите на јавни функции треба да се воздржат од омаловажување, навредување и непримерна комуникација и јавните дебати треба да ги водат со аргументи, меѓусебно почитување и на јазик којшто ги промовира демократските вредности“, се вели во соопштението.






Инаку, пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, вчера напиша статус на Фејсбук во кој искористи погрдни и навредливи зборови кон новинарот Љупчо Златев.

Поврзани содржини