АПАСИЕВ, ЏАФЕРИ И СТОЈАНЧЕ ОДАТ ВО КАФЕАНА Велешанецот Стефан Николовски ги имитира македонските политичари (ВИДЕО)
Младиот велешанец Стефан Николовски овојпат на тапет ги стави најпознатите македонски политичари, а темата на „проектот“ е како опозиционерите и членовите на власта заедно се договараат да одат во кафеана.
Младиот велешанец Стефан Николовски има огромен талент за имитирање други луѓе, а своите пресмешни видеа ги објавува на социјалната мрежа Тик-ток.
Овојпат, тој на тапет ги стави најпознатите македонски политичари, а темата на „проектот“ е како опозиционерите и членовите на власта заедно се договараат да одат во кафеана.
Во првото видео тој ги имитира гласовите на Димитар Апасиев, Стојанче Ангелов, Стево Пендаровски, Христијан Мицкоски, Талат Џафери и на Бранко Црвенковски.
Во второто видео, пак, во кое актерите се расправаат кој да ја плати сметката во кафеаната, се појавуваат и универзитетската професорка Гордана Силјановска и експремиерот Никола Груевски.
Во продолжение, погледнете за што станува збор:
@stnikolovskiKako odat politicarite vo kafana 😂♬ original sound – Stefan Nikolovski
@stnikolovskiPART 2♬ original sound – Stefan Nikolovski