АПАНАЖА ЌЕ КОРИСТАТ МИЛИОНЕРИ Левица бара укинување на привилегиите за бившите функционери

На листата на министри кои што се пријавиле да земаат плата, и покрај тоа што не се на функција, се и Радмила Шеќеринска, Мила Царовска и Никола Димитров, функционери кои по своите анкетни листови располагаат со милионски имот, порачаа од Левица.

562
Најголем дел од министрите кои што повеќе не се дел од Владата, максимално користејќи ги сите функционерски привилегии, ќе продолжат да земаат плата од буџетот на Република Македонија и по престанокот на нивната функција, односно таканаречената апанажа, се вели во дописот испратен од Левица.
„На листата на министри кои што се пријавиле да земаат плата, и покрај тоа што не се на функција, се и Радмила Шеќеринска, Мила Царовска и Никола Димитров, функционери кои по своите анкетни листови располагаат со милионски имот. Наспроти привилегиите кои бесрамно ги користат овие потомци на црвената буржоазија, обичен работник во Република Македонија кој ќе остане без работа, може да зема само 50% од просечната нето – плата која што тој ја земал последната година и тоа под услов, само ако има минимален работен стаж од 9 месеци без прекин или 12 месеци со прекин“, порачаа од партијата.





Пратениците на Левица до Собранието на Република Македонија ќе поднесат предлог – Закон за изменување на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во републиката – со цел укинување на апанажата.
Поврзани содржини