„АПАНАЖА, АПАНАЖА!“ Ковачевски вели дека и при дадена оставка му следува надомест додека не најде друга работа

Јас сметам дека на некој кој извршувал општествена функција, треба да му следува апанажа, да може да искористи одреден временски период додека својата кариера ја насочи кон нешто друго. И кога работите во приватни компании на именувани функции, тогаш следуваат такви обврски, рече Ковачевски.

855

Секој кој извршувал општествена функција, има право на апанажа, и не е точно тоа дека секој носител на функција кога ќе поднесе оставка, нема право на таа обврска, рече претседателот на СДСМ и поранешен премиер, Димитар Ковачевски, денеска на новинарско прашање.

– Јас бев претседател на Владата во исклучително тешко време и својата функција ја обавував согласно законите на Република Северна Македонија, согласно Законот за влада и согласно Законот за избори и поднесов оставка, така што сите одлуки коишто се носени после тоа во однос на примањата на функционерите кои обавувале такви функции се направени согласно законот, согласно со одлуки на Собранието. Сметам дека сите треба да ги почитуваат законите и токму како резултат на такви закони коишто се почитуваат имаме зголемување и на минималната плата за огромен процент повеќе во однос на 2016/2017 година и имаме зголемување на просечната плата. Така што, тоа е нешто што не може да се коментира, тоа е нешто што е законско решение – рече Ковачевски по посетата на компанијата Киел Македонија ДООЕЛ во Желино.






Тој појаснува дека бил обвинуван дека имал свои компании и фирми, нешто што опозицијата постојано го истакнувала, но вели, се потврдило дека тоа било лага и дека ниту има свои компании, ниту свои бизниси.

– По закон, мандатот на претседател на влада и на членови на влада завршува на 100 дена пред изборите, било кој претседател на влада и било кој министер, бидејќи кога ќе даде претседател на влада оставка, и министрите се во оставка. Согласно оставката е законски, заради исполнување на законската постапка, мандатот да престане на 100 дена пред изборите. Било кој да бил претседател на владата, неговиот мандат завршува 100 дена пред изборите. Јас сметам дека на некој кој извршувал општествена функција, треба да му следува апанажа, да може да искористи одреден временски период додека својата кариера ја насочи кон нешто друго. И кога работите во приватни компании на именувани функции, тогаш следуваат такви обврски – рече Ковачевски.

Поврзани содржини