Јанушев: Заев сака да го однесе народот на гилотина

Играше „ол ин“ со државата, играше „ол ин“ со достоинството, сега сака да игра „ол ин“ со животите на луѓето - рече Јанушев.

315

Зоран Заев остана сам во своите ставови и барања како политичар со намера да жртвува човечки животи, за да си ја продолжи партиската кариера, обвини денеска генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

– Зоран Заев е исплашен човек кој што знае дека губи. Обземен од страв, Заев бара брзи избори по цена на ширење на смртоносна зараза. Заев е спремен да гази по трупови за да си ја зачува партиската фотелја. Заев е исклучително нервозен и изолиран, единствен политичар кој што не води сметка за човечките животи! Зоран Заев посакува да го однесе народот на гилотина со брзи избори среде пандемија! Обземен од страв од неминовниот изборен пораз, сака да ги жртвува животите на граѓаните само во обид за спас на својата кожа. Играше „ол ин“ со државата, играше „ол ин“ со достоинството, сега сака да игра „ол ин“ со животите на луѓето – рече Јанушев.






Тој додаде дека Заев бара избори во време на полициски час и додека границите се затворени.

– Заев бара избори во време на полициски час, бара избори додека границите се затворени, бара избори при десетици дневно новозаболени, бара избори при затворени фабрики и погони, бара избори без прочистен избирачки список, бара избори без протоколи за однесување. Заев бара избори, бидејќи се грижи единствено за себе. Нервозата кај Заев е очигледна, тој знае дека губи, посакува среде најголемата жестина на смртоносната епидемија да организира некредибилни криминогени избори со мала излезност. Заев сака да организира избори кои ќе покосат човечки животи, и во тоа е единствен, изолиран и осамен. Дури и неговите сопартијци знаат дека кризата не е намалена и дека со тоа би се довеле во опасност граѓаните. Само Заев посакува избори по цена на броење на човечки жртви – рече Јанушев.

Тој исто така посочи дека ниту еден од условите за одржување на кредибилни избори не се исполнети.

– Заев не ги почитува ниту мислењата од ДИК, ниту од меѓународните набљудувачки мисии, ниту ги почитува релевантните медицински препораки. Без анализа и без реални параметри колку изборниот процес ќе предизвика нови жртви, нови заболени, без грижа за директно вклучените, гласачи, кандидати, членови на избирачки одбори, набљудувачи и итн. 54 изборни процеси во светот, од кои 21 во Европа се одложени, само Заев сака избори сега! Тоа повеќе не е ниту хибриден режим, тоа е болен авторитаризам – рече Јанушев.

Поврзани содржини