Јанушев: Заев држи митинг на слепа улица, сами нека го продолжат патот кон провалијата

298

Со победата на ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде обновата на Република Македонија. А, со обновата ќе дојдат многу мерки и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните, порача носителот на изборна единица 3, Игор Јанушев од  Македонска Каменица.

– Денеска сме во посета на Македонска Каменица заедно со кандидатот за пратеник Даниела Христова. Планираме да го посетиме пазарот, да поразговараме со граѓаните на Македонска Каменица, ќе имаме и неколку состаноци со целни групи. Она што го добиваме како порака впрочем и од цела Република Македонија е дека поддршката е на страна на ВМРО-ДПМНЕ, поддршката е на страна на обновата, поддршката е на страна на Република Македонија. Она што е интересно и што го забележувам имавме изминативе денови еден интересен настан каде што СДСМ предводени од Заев организираа еден митинг би го нарекол на една слепа улица каде што се наоѓа провалијата. И тие се обидуваат сите нас да не повлечат во таа слепа улица и во таа провалија. Но она што македонскиот трудољубив народ има да го порача е дека тие сами можат да останат во слепата улица, и сами да го продолжат патот кон провалијата, ние сите заедно, сплотени и здружени се движиме кон обнова на Македонија – истакна Јанушев.






Јанушев додаде дека СДСМ во очај и немоќ стануваат свесни дека губат и паѓаат,  а во недостиг на проекти и она што не направиле за државата во овие три години од како се на власт, се бранат со закани.

– Ние ќе продолжиме со презентирање на наши проекти и мерки, ќе кажеме се што планираме во овие четири години да направиме. И тоа зголемување на платите, зголемување на пензиите, намалување на невработеноста, овозможување на подобар живот за секој еден граѓанин во Република Македонија – порача Јанушев.

 

Поврзани содржини