Јанушев вети над 100 милиони евра поддршка за земјоделците годишно

178

Најмалку 100 милиони евра субвенции поддршка за земјоделците, подобро искористување на ИПАРД фондовите, но и помош при маркетингот на нивните производи, вети денеска Игор Јанушев, носителот на изборната единица 3 од ВМРО-ДПМНЕ.

– Она што го гледаме е огромната поддршка од народот која што ја добиваме во пресрет на изборите. Луѓето едноставно се уморни, доста им е од сите сивила од сите мочуришта во кој што нѐ внесоа СДСМ и Зоран Заев. Она што исто така можев да го видам од разговорот на луѓето е дека веќе ги препознаваат понудата и проектите кои што ги имаме дадено кон нив. Имавме интересни разговори пред сѐ, во однос на земјоделието. Едноставно граѓаните се желни за проени бидејќи знаат дека само со ВМРО-ДПМНЕ државата може да оди напред – истакна Јанушев.






Јанушев додаде дека е планирано завршување на сите проекти, инфраструктурни, како патишта и слично кои, како што рече, беа запоставени од СДСМ.

– Но она исто така што е многу битно е за градот Штип поврзувањето и конечно завршувањето на експресните, односно патиштата кои што го поврзуваат Штип, дали е тоа со Кочани дали е тоа со останатите градови кои што во целиот овој период и повеќе години буквално ништо не направија – истакна Јанушев.

 

Поврзани содржини