Јанушев: СДСМ, Заев и останатата рекетарска банда се отпеана песна

Тој рече дека  овие 20 дена ќе бидат финалето на една битка за враќање на државата во рацете на народот и превземање на контрола врз нашите судбини.

425

Нема друга земја во Европа каде власта ја започнува кампањата со бомба фрлена на имотот на потпретседателот на најголемата партија. Нема друга европска земја каде власта со законски декрет сака да ја збрише опозицијата од медиумите, нема друга држaва каде власта дели пакети поткуп, рече вечерва во Кочани Игор Јанушев носител на листата во Изборна единица 3 на коалицијата „Обнова на Македонија“.

– Ова го прават не затоа што се силни, туку затоа што се слаби и уплашени од пораз – рече Јанушев.






Тој рече дека  овие 20 дена ќе бидат финалето на една битка за враќање на државата во рацете на народот и превземање на контрола врз нашите судбини.

– Овие луѓе владеат со уцени, измами и криминал. Држава во која првиот човек е амнестиран рекетар, а неговите директори ги гледаме со туциња пари со мито. Ова мора да престане.СДСМ, Заев и останатата криминално-рекетарска банда се „испеана песна“. – реќе Јанушев.

Поврзани содржини