Јанушев: Наместо да набави вакцини, власта се бореше за провизијата

Покрај провизиите, додаде Јанушев, ги слушаме лагите за количините на вакцини кога ќе стигнат, колку лица дневно ќе се вакцинираат.

281

И да се избореше ВМРО-ДПМНЕ за вакцини или слично. Ние како партија минатата година први обезбедивме лична заштитна опрема, клучното нешто за борба против корона опрема немаше, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на гостувањето во емисијата „Јади бурек“ што се емитува на телевизија Сонце.

– Ако некој сака да му помогнеш може да му помогнеш, ама ако не сака што можеш да направиш. Филипче пред десеттина дена рече тие и тие вакцини се супер, а вчера вели ќе почекаме и ни треба потврда дека се безбедни. Нормално е народот да биде збунет – рече Јанушев.






Единствено нешто, што видовме од власта, Заев и Филипче, кажа Јанушев, е дека имале обиди да земат провизии.

– Наместо за вакцини тие се бореле за провизии преку фирми во Хонг Конг. И за тоа има институции кои треба да поработат, ако можеше Русковска да тужи партија или функционери од партијата за говор во кампања и предметот и падна во суд, треба да поработи нешто конкретно, ама не гледаме – рече Јанушев.

Покрај провизиите, додаде Јанушев, ги слушаме лагите за количините на вакцини кога ќе стигнат, колку лица дневно ќе се вакцинираат.

– И за сето ова лажат. Прво велат од 7 до 10 илјади луѓе на ден ќе се вакцинираат и излегува некој друг и вика до 6 илјади. Значи или се до 6 илјади или од 7-10 илјади лица кои ќе се вакцинираат, а со ова темпо до кога ќе се вакцинираат граѓаните во 2022 – укажа Јанушев.

Пратеникот кажа дека Заев и Филипче ги интересира како само некој милион да стават во џеб плус и ништо друго.

Коментирајќи ги критиките на релација Пендаровски – Филипче рече дека ова е само уште еден неуспешен обид за дефокус во јавноста.

Поврзани содржини