Јанушев: Драги Рашковски нека каже која е поврзаноста помеѓу него и Пиперевалиев?

Како од сите фирми во Македонија баш се погоди таа што е блиска до Заеви да ја изведува работата? Јавно повикуваме случајот да го испита и антикорупциската комисија, имајќи предвид дека истата оваа фирма која го добила тендерот нема искуство со други тендери.

1,037

Дали е точно дека зад скандал со „Дрисла“во кој тендерот го доби Александар Пиперевалиев, сопственик на фирмата има и роднинска спрега, односно дали е точно дека тој освен тоа што е близок пријател е и роднински поврзан со генералниот секретар на владата, Драги Рашковски? И, дали е точно дека директорот на ЈП Дрисла, Коста Начевски, е прв братучед на сопругата на генералниот секретар Драги Рашковски, праша генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на прес конференција.

-Сега веќе јавноста може сама да процени како се добиваат тендерите од ЈП Дрисла. Еве Драги Рашковски јавно нека каже која е поврзаноста помеѓу него и Пиперевалиев? Јавно прашуваме дали овој тендер е доделен со амин на Рашковски и Шилегов и дали лично Драги Рашковски има влијаено за доделување на овој тендер? Дали заради ова беше борбата на тендерашот Шилегов за Дрисла? Како од сите фирми во Македонија баш се погоди таа што е блиска до Заеви да ја изведува работата? Јавно повикуваме случајот да го испита и антикорупциската комисија, имајќи предвид дека истата оваа фирма која го добила тендерот нема искуство со други тендери.  – рече Јанушев.






Тој повтори дека вчера обзнананиле голем скандалозен тендер, договорен во 4 очи, во период на вонредната состојба. Фирмата „Алпима градба тим“ ДООЕЛ Струмица, како единствен понудувач во 4 очи доби тендер од ЈП Дрисла и Шилегов во висина од над 12 милиони денари или над 200.000 евра.

 

 

 

 

 

Поврзани содржини