Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ јасно кажа дека нема намера да предложи потпретседател на Собранието, впрочем и кога се гласаше одлуката за пет потпретседатели се спротивставивме на таа одлука и воопшто не ја поддржавме од единствена причина што сметаме дека во оваа ситуација во која што се наоѓа државата неминовно е рационализирање на средствата и нивно користење за многу поважни и побитни цели за сите граѓани, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање.
– Дополнително инсистираме и бараме да се вразуми владејачкото мнозинство и бројот на потпретседатели да биде на потребниот минимум, а сите средства кои што би биле планирани за потпретседателите значи да се пренаменат во покорисни цели – рече Јанушев.
Тој повтор дека се уште немаат никаква информација, официјална дали одлуките за прогласување на вонредната состојба се доставени до Собраниет. Тој апелира не само одлуките за вонредната состојба туку и сите уредби кои што владата ги донесе со законска сила во предизборниот период што е можно побрзо да се најдат на дневен ред за разгледување од страна на пратениците во Собранието.