Антикорупциската комисија со индигнација ги отфрла сите обвинувањата од поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов упатени на адреса на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, соопшти Антикорупциска.
– Државната комисија за спречување на корупцијата е колективно тело и сите одлуки ги носи на јавна седница со мнозинство гласови, така што целосно е неосновано искажаното сомневање за злоупотреба на нејзината функција. Државната комисија за спречување на корупцијата на доставеното барањето од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов писмено ќе одговори – велат од Антикорупциска.