Анкета на Галуп: Огромно мнозинство ширум светот исплашено од Ковид-19, меѓу нив и Македонците
Во Македонија, иако поддршката не е во толку голем број како кај други земји, сепак мнозинство од граѓаните (65%) искажуваат одобрување за досега преземените владини мерки, наспроти 29% кои не се согласуваат како владата се справува со епидемијата.
Мнозинството од луѓето во светот изразуваат загриженост за себе и за своите најблиски во врска со коронавирусот. Три четвртини велат дека се подготвени дури и да жртвуваат некои од нивните човекови права доколку тоа би помогнало во справување со вирусот. Повеќето земји стојат зад своите влади во оваа битка. Но, во исто време, сепак, скоро од половина се согласуваат дека заканата од коронавирус може е претерана. Луѓето ширум светот не знаат што да очекуваат во наредните недели – лошо или добро, тие не знаат ниту дали ширењето на овој вирус е природна појава, но сепак повеќето веруваат дека е така. Во меѓувреме, луѓето преземаат мерки за заштита на своето здравје.
Ова се резултати од анкетата што ја спроведе Gallup International Association (GIA) во контекст на ситуацијата „Ковид-19“, во која учествуваа повеќе од 25.000 луѓе во 28 земји низ целиот свет. Тука спаѓаат САД, Русија, Индија, некои од најпогодените земји – Италија, Република Кореја, Шпанија, Франција, Германија, Швајцарија итн., како и многу други земји од различни континенти, вклучувајќи ја и Македонија (спроведена од БРИМА, македноската члена на GIA). Анкетирањето во споменатите земји беше завршено вчера. А во моментов анкетата продолжува во уште десетина други земји, за што ќе има ажурирано соопштение за медиумите во текот на следните денови.
Според истражувањето, вкупно 67% од испотаниците се исплашени дека тие или некој од нивните семејства може да бидат заразени од коронавирусот: 38% велат дека се плашат, а 29% велат дека многу се плашат. Додека 20% велат дека не се плашат и 10% дека воопшто не се плашат. Така, вкупно 30% остануваат смирени во пресрет на инфекцијата. Останатите 3% не се подготвени да одговорат.
Резултатите од Македонија не отстапуваат многу од вкупниот просек, анксиозноста од можноста за инфекција од овој вирус е присутна кај мнозинство од анкетирате 63%, наспроти 36% кои покажуваат смиреност.
Германците, Швајцарците, како и граѓаните на Авганистан, остануваат релативно ладнокрвни, со популација подеднакво поделена на оние кои покажуваат анксизност или смиреност. Очекувано, жителите од Италија со високи 90% покажуваат огромна загриженост од потенцијалната опасност да бидат заразени самите или некој нивен близок член од фамилијата.
20% од учесниците во истражувањето целосно се согласуваат со изјавата дека нивната влада досега добро се справува со короновирусот, 42% – донекаде се согласуваат, 20% – донекаде не се согласувам и 12% – воопшто не се согласуваат. Така, уделот на оние кои позитивно ја оцениле својата влада (62%) го надминува уделот на негативно оценетите (32%). Другите 6% не можат да одговорат. Се чини дека народот на Австрија е најзадоволен од реакцијата на нивните државни органи – со 88% кои изразуваат поддршка за превземените владини мерки, по што следи Индија (83%), Палестина (80%), Холандија (79%), Италија (72%) итн.
Во Македонија иако поддршката не е во толку голем број како кај овие земји, сепак мнозинство од граѓаните (65%) искажуваат одобрување за досега преземените владини мерки, наспроти 29% кои не се согласуваат како владата се справува со епидемијата. Слична е состојбата и во соседството со 60% во БиХ и Бугарија кои позитивно ги оцениле владините мерки .
Најмалку задоволни од нивната влада се во Тајланд , таму 76% донекаде или воопшто не се согласуваат со изјавата дека нивните надлежни соодветно реагираат во дадената ситуација. Јапонија е на второ место, со 62% незадоволни од државните мерки и 23% задоволни. Во САД 46% се незадоволни, а 42% задоволни. Германија е близу – каде 44% од испитаниците сметаат дека државните мерки не се соодветни, а 47% дека се.
Запрашани во која мера се согласуваат или не се согласуваат со изјавата: Верувам дека заканата од коронавирус е претерана, со мала предност преовладува ставот дека оваа закана е претерана (49%) наспроти оние кои веруваат во спротивното (46%). Балканските народи се оние кои претежно сметаат дека опасноста е претерана – вкупно 73% мислат така во БиХ, Македонија2 и Бугарија. Додека, Французите, Холанѓаните, Австријците, Италијанците, итн. имаат спротивен став – со над 70% мнозинство кое не наоѓа никакво претерување.
Бројот на официјално декларирани заразени по жител во одредена земја очигледно игра значителна улога во овој поглед.