Анкара ќе го информира УНЕСКО за Аја Софија

УНЕСКО во петокот објави дека ќе го преиспита статусот на тој културен споменик на списокот на Светско наследство.

257

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара ќе го извести УНЕСКО за чекорите преземени во врска со Аја Софија, откако на музејот ќе му биде вратен статусот на џамија.

Врховниот суд на Турција на 10 јули ја поништи одлуката на Советот на министри од 1934 година, со која џамијата Аја Софија е претворена во музеј. Потоа, со одлука на турското Претседателство, Аја Софија беше префрлена под ингеренции на Управата за верски работи на Турција (Дијанет).






Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша указ и најави дека првата молитва во Аја Софија ќе се одржи на 24 јули.

УНЕСКО во петокот објави дека ќе го преиспита статусот на тој културен споменик на списокот на Светско наследство.

Аја Софија девет векови била православна црква пред да биде претворена во џамија по освојувањето на Отоманската империја.

Поврзани содржини