АНИТА СТАМНОВА Е НОВА ДИРЕКТОРКА НА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР Има богато искуство во финансиите

356

Анита Стамнова е назначена за  нова в.д. директорка на Централен регистар

Таа доаѓа на местото на Марија Бошковска-Јанковски






Стамнова досега беше член на Кабинетот на министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска.

Претходно била заменик-директорка на Државниот завод за статистика и раководителка на одделението за буџетска координација и буџетска контрола на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.

Стамнова е поранешна соработничка на премиерот Христијан Мицковски од времето кога тој беше генерален директор на АД ЕСМ, поранешен ЕЛЕМ.

Поврзани содржини