„Анима Мунди“: Во Виница масакр, во Куманово борби со кучиња, во Скопје тепаат ждребе, каде е полицијата?

1,671
Во време кога речиси цела држава дисциплинирано ги следи мерките и препораките со цел да се заштитиме од последиците на пандемијата од коронавирус, насилниците, убијците на животни си тераат по свое без совест и без страв, убедени дека никој не им може ништо, реагира Анима Мунди во јавно обраќање до министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
„Масовно труење на животните во Виница, поточно цели улици со мртви тела од убиени кучиња е слика која ги затекна граѓаните на 22.04., наутро кога завршил полицискиот час.





Нема да навлегуваме сега во нашите убедувања дека е просто неверојатно полицијата да не види, не знае ништо за случаи на насилство, кои се случувале буквално среде улица или среде бел ден, сега кога полициските патроли се распоредени на речиси секој агол; туку бараме веднаш да се пристапи кон истрага и да се најдат и казнат сторителите – бара Анима Мунди.

Освен  споменатите труења, сведоци сме на бројни други случаи на насилство врз животните, велат активистите за затита на животните кои на располагање ги ставаат доказие за мачење и изживување врз животнии и бараат итно најстрого да се казнат сторителите кои, и во периодот на вонредна состојба „слободното време“ го користат за измачување на животни:

– Лица oд Куманово организираат борби со шарпланинец– го пуштаат на друго куче (хаска) и поттикнуваат да го дави додека кучето жртва е врзано, преплашено, не се брани, а силеџиите се забавуваат и го снимаат делото. Истите го објавуваат видеото на сопствените фејсбук профили, воопшто не се ни кријат, а уште помалку плашат од законот. Случајот е пријавен во полиција на 06.04 но до денешен ден службена реакција нема. Пријавивме и во АХВ и бараме одземање на хаската која на деликвентите им служи како играчка врз која ги стимулираат и учат кучињата за борби.

– Во Пехчево среде бел ден, пред очевидци од кои повеќето молчат од страв, од чиста мира двајца браќа пукаат во локално куче. Кучето во болки и траума едвај успева да избега и, за среќа, е живо. Настанот е пријавен на 08.04, но од полицијата засега абер нема. Сторителите не се санкционирани за делото, шетаат слободни, убедени дека никој не им може ништо.

– Среде бел ден на лица, во време на вонредна состојба лица со стап тепаат ждребе, насилно приморувајќи го да влезе во гепек на возило. Регистрацијата на возилото е : SK 0305 AR и сторителите лесно може да се најдат, идентификуваат, казнат – вели Анима Мунди и бара примена на законите и санкционирање на насилниците во пракса.
– Бараме полиција која ќе постапува; бараме истраги и правни завршници за случаите на насилство врз животните. Бараме да покажете подготвеност и професионалност, бараме насилството најстрого да се казни. Во спротивно нема да престанеме преку медиумите – јавно – да Ве потсетуваме на Вашите ингеренции и целосниот неуспех на работата на полицијата – велат активисти на здружението Анима Мунди.Анима Мунди и понатаму ги повикува граѓаните кои имаат сознанија за вакви или слични инциденти да пријавуваат во полиција, да ги контактираа нив или локалните здруженија за заштита на животни.

Поврзани содржини