Англиски доктор тврди дека оваа техника за дишење може да ви го спаси животот
Истото ова видео на социјалните мрежи го сподели и познатата англиска писателка Џеј кеј Роулинг, авторка на „Хари Потер“, која посочува дека техниката ѝ помогнала да го победи коронавирусот.
Оваа техника на дишење може да ви го спаси животот ако сте заболени од коронавирусот, тврди д-р Сарфараз Мунши од болницата во Лондон, кој на пациентите им ја демонстрираше техниката преку видео.
– Оваа техника се применува на пациентите кои се на интензивна нега, но може значително да им биде од корист и на оние со поблаги симптоми, па дури и на оние луѓе кои воопшто не се заразени од ковид-19. На овој начин се внесува многу повеќе кислород во подлабоките делови на белите дробови и така се спречува нивно оштетување – вели Мунши.
Истото ова видео на социјалните мрежи го сподели и познатата англиска писателка Џеј кеј Роулинг, авторка на „Хари Потер“, која посочува дека техниката ѝ помогнала да го победи коронавирусот.