АНГЛИЧАНИТЕ БЕЗМИЛОСНИ, ИТАЛИЈАНЦИТЕ РАЗОЧАРАНИ Двоцифрен пораз на Сан Марино, голем бод за Северна Ирска
Италија падна на втората позиција во групата и сега ќе мора да игра бараж за пласман на Светското првенство во Катар идната година, а селекцијата на Швајцарија го обезбеди првото место и директен лет за Катар.
Англиската фудбалска репрезентација постигна 10 голови против селекцијата на Сан Марино во квалификациите за Светското првенство во Катар – мрежата дури шестпати се тресеше во првото полувреме, а четирипати во вториот дел од натпреварот.
Убедливата двоцифрена победа ја најави Хари Мегваер во 6 минута, а во листата на стрелци се запишаа Филипо Фабри, Емил Смит Роу, Тајрон Мингс, Тами Абрахам, Букајо Сака, како и неверојатниот Хари Кејн кој постигна дури четири погодоци.
Од друга страна, пак, репрезентацијата на Италија вечерва потфрли против Северна Ирска и одигра натпревар без голови, а таквиот резултат ги израдува Швајцарците кои ја декласираа репрезентацијата на Бугарија.