Ангеловска: Целосно реализирани првите бескаматни кредити, поддржани се 738 фирми со 5,54 милиони евра

Со првата кредитна линија поддржани се:  738 микро, мали и средни компании, 6.524 вработени - наведува министерката.

275

Целосно е реализирана првата бескаматна линија кредити за поддршка на ликвидноста на микро, малите и средни претпријатија од најзагрозените сектори – угостителство, туризам и сообраќај, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

– Со првата кредитна линија поддржани се:  738 микро, мали и средни компании, 6.524 вработени – наведува министерката.






Додава дека просечен износ на даден кредит е 7.500 евра, додека вкупниот износ на доделени кредити преку оваа линија е 5,54 милиони евра.

– На фирмите од сите сектори им стои на располагање и втората линија бескаматни кредити преку @azvojnabankanasevernamakedonija, а повеќе информации за оваа линија на  bit.ly/8-milioni-beskamatni-krediti – истакнува министерката Ангеловска.

Поврзани содржини