Ангеловска: Буџетот е ликвиден и ги сервисира потребите
Министерството за финансии веќе има состаноци со сите економски ресори и се прават симулации и потенцијални сценарија.
Буџетот е во добра состојба, ликвиден и ги сервисира потребите. Буџетот на Министерството за здравство е навистина добро скроен за да може да издржи дополнителни потреби, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска ви ењмисија на телевизија Алсат М..
– Буџетот е во добра состојба, ние се наоѓаме на почетокот на годината, ако го погледнеме и Буџетот на Министерството за здравство, тој е навистина добро скроен за да може да издржи дополнителни потреби, како што сега имаше потреба да се набавува дополнителна заштитна опрема, за сето тоа, во моментот нема потреба од користење резерви од преземање средства од други министерства, затоа што Министерството за здравство има така скроен буџет за да може да одговори и на ваква состојба – рече Ангеловска.
Таа додаде дека во Министерството за финансии веќе има состаноци со сите економски ресори и се прават симулации и потенцијални сценарија.