Ангелов по тричасовниот состанок на Главниот штаб: Ништо нема драстично да се смени

1,228

Главниот штаб за управување со кризи по тричасовно заседавање го изработи првиот нацрт на Акцискиот план за превенција. На состанокот била разгледана потребата од учество на Армијата, а дополнително ќе бидат утврдени здравствените објекти што ќе треба да бидат обезбедувани од војниците.

– Граѓаните треба да знаат дека ништо нема драстично да се смени во државата. Ако има потреба од поголем број сили за обезбедување, а МВР ги нема, ние можеме да побараме од АРМ, да испратат повеќе луѓе за обезбедување. Но, тоа нема да бидат луѓе кои со оружје ќе се шетаат по улица. Во земјава нема војна. Се обидуваме да одговориме на ковид-кризата со најминимални средства – рече Стојанче Ангелов, раководител на Главниот штаб за управување со кризната состојба.






Тој додаде дека ќе биде побарано од Советот на невладини организации да предложи нивен член во Главниот штаб.

 

 

Поврзани содржини