Ангелов контра ССМ: Ковид-19 не може да биде професионално заболување за земјодлеците

Претседателот на Организацијата на работодавачи смета дека за одредени здравствени работници ова заболување може да биде професионално, но не и за сите други работници.

506

Синдикатот останува на ставот ковид-19 да се поргласи за порфесионално заболување, владата не го добила барањето, а работодавачите сметаат дека не е во ред ова заболување да биде прогласено за професионално за сите работници.

Сојузот на синдикатите вчера побара ковид -19 да се прогласи за професионално заболување за сите работници со оглед на состојбите кои се актуелни во земјава со пандемијата.






Претседателот на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров, пак, смета дека  вакво барање е неприфатливо за работодавачите.

-Прашањето е веќе решено во актуелниот Закон за здравествено осигурување. Во него се признава боледување врз основа на спречување и ширење на зараза. Но не е во ред ковид- 19 да се смета за професионално заболување за сите работници. Треба да се направи добра анализа за кои работници може да  се размислува дека ова заболување може да биде професионално. На пример за здравствените работници кои секојдневно се изложени на ваков вид зараза може, но не и за земјодлеците кои не можат да се заразат на нива, туку се заразуваат на друго место.Треба да се направи анализа да се искажат аргумети и потоа да се предложи законска измена – рече Ангел Димитров

Вицелремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека синдикалното барање ќе биде разгледано, но не е пристигнато до Владата..

– Секако ќе биде разгледано барањето на синдикатит екога ќе стигне во Влада. Засега нема такво барање стигнато кај нас. Потоа ќе расправаме дали е тоа добро ќе се направат анализи и ќе се одлучи – рече Битиќи.

Поврзани содржини