АНГЕЛ КАРАПЕТРОВ ЈА ПРЕДВОДИ ЛИСТАТА НА ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ја почна кампањата за советници во Тетово
Партискиот лидер Мицкоски посочи дека очекуваат во оваа кампања граѓаните да кажат гласно „не“ на политиките на Владата на СДСМ и ДУИ.
Со средба на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и предложените кандидати во Тетово партијата денеска ја започна изборната кампања за вонредните локални избори на 20 август при што ќе се избираат нови општински советници. Партискиот лидер Мицкоски посочи дека очекуваат во оваа кампања граѓаните да кажат гласно „не“ на политиките на Владата на СДСМ и ДУИ.
– Очекуваме листата предводена од Ангел Карапетров, листата на ВМРО-ДПМНЕ апсолутно да освои повеќе советници од таа што беше до сега. Очекуваме бројот на гласови да биде поголем иако периодот кој што е сега е навистина предизвикувачки поради годишните одмори. Но, мислам дека мобилизацијата ќе биде на високо ниво. И ценам дека граѓаните овде во Тетово на овие избори и ќе гласаат против коалицијата на СДСМ и ДУИ – посочи Мицкоски.
Тој смета дека тие што ќе гласааат за ново, модерно и современо Тетово ќе гласаат за советничката листа ВМРО-ДПМНЕ, преводена од Карапетров.