Поранешната специјална обвинителката Катица Јанева денеска се изјасни за невина по обвинението за „Рекет“ и со вулгарни зборови го нападна бизнисменот Јордан Камчев.
– Сметам дека сум невина и не сум го сторила делото, се срамам што сум дел од обвинение за кое се покажа дека е клевета, затоа што не постојат никакви доакзи за делото за кое се товарам. На сведоците сопружници не треба да им се дозволи да се приближат до зградата, а не да сведочат. Тие се едно дно на дното, тие се под секое ниво. Камчев е прљав, злобен, се заебал ако мислеше дека може мене да ме купи, го злоупотреби пријателството со Јовановски. Мене ми е чист образот.
Јас да лежам девет месеци во притвор за Орце Камчев, за недокажани пари? Зарем јас не смеам да имам пари? Јас сум 55-годишна жена. Произлегувам од судско семејство. Имам пари да се издржувам и не му се понижувам на никој. Како што велеше Прчевски, јас сум последната будала – рече Јанева во своите завршни зборови денеска во предметот „Рекет“.
Поранешната специјална обвинителка со критики зборуваше и за, како што рече, некои обвинителки, кои не станале дел од нејзиниот тим во СЈО, биле„ остарени и кризираат ако после 16 часот не се напијат ракија“.
– Се срамам што сум дел од овој процес. Изеде ме туѓа срамота. Да подигнеш обвинение без вештачење, да биде прифатено од тројца судии, а без половина докази да се доставени до судот. Нема никакви докази, а што е најважно немаме пари. Каде се парите? Ова е голо обвинение без докази, мене ми е срам што овие два дена го распарталивме како баница, а тоа го слушнаа обвинители кои не заслужуваат. Не дојде за да не се црви тука. Ова го направи од завист. Нека пукне – рече Јанева за Русковска.
Јанева зборуваше дека за четири години покажала како еден обвинител треба да биде одважен и сигурен во себе и нагласи дека никогаш самата не би ги одбрала тие обвинители што „после четири часот не можат без салатка и ракија“.
– Пијаници и неисполнети личности не ми требаат. Кога станав шеф на СЈО, многу обвинители сакаа да дојдат. Ама јас реков дека за борба против криминалот ни требаат чесни луѓе. Затоа ги исфрлив некои и останувам на тој став – рече Јанев и додаде дека и е срам што е дел од судскио процес поради неспособноста и немањето докази.
Според неа, Русковска не докажала ништо во овој предмет.
– Само произлезе дека била свесна уште од старт дека води предмет за кој нема докази, се покажа дека наместо да биде објективен критичар всушност дава едно малициозно критизерство не само кон мене, туку и кон целото СЈО – рече Јанева и додаде:
– Да работеше јавната обвинителка, како што треба ќе утврдеше дека нема докази за ова дело и не може да покрене обвинение. Но, брзаше да покрене обвинение за три месеци, водена по тоа јас да не излезам од притвор. Тоа беше осуетено, па дури и се закануваше на судии со „тресење од гаќи” – рече Јанева во своите завршни зборови.
Пресудата ќе се изрече на 18 јуни.