Анестезиолозите ќе ги заменат двајца лекари од КАРИЛ, а едната во септември дошла од приватна болница

Едната докторка. која сега си заминува, во септември се вратила од приватното во јавното здравство - вели Филипче и додава дека нема потреба од префрување на анестезилози од приватното во јавното здравство

929

По најавата за заминување на двајца анестезиолози од ГОБ „8 Септември„ , министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека тие ќе бидат заменети со двајца лекари од КАРИЛ, а дека едната докторка која сега си заминува, во септември се вратила од приватното во јавното здравство. Тој тврди дека нема потреба од префрување на анестезилози од приватното во јавното здравство.

– Двајца анестезиолози дојдоа од приватна болница во септември и една од нив сега сака да се врати назад, како и уште еден доктор, којшто работи во Градска болница со години. Таму на помош ќе дојдат двајца други лекари од КАРИЛ кои ќе работат наместо нив. Значи нема да има недостиг во вкупниот број, а засега нема потреба за анестезиолози конкретно, има меѓу три и 10-мина пациенти на респиратор. Тоа е една од најтешките состојби којашто бара максимален ангажман, но тука се колегите од КАРИЛ – рече Филипче.






Тој додаде:

– Имаше повеќе колеги кои се пријавија да помогнат, тоа секојдневно се одвива по систем на комуникација и на Клиниката за инфективни болести, физички тука е поблиску,  па има колеги коишто одат на консултација за третман на пациентите. Не се само анестезиолозите вклучени во овој систем на ротација, туку и интернистите, посебно пулмолозите од Институтот за туберкулоза кои се и на   Инфективната клиника и во  „8 Септември“. И колегите од Клиниката за хематологија, кои прават многу специфични анализи за сите хоспитализирани пацинети, бидејќи таа метода што се прави на  Хематологија е само таму, а битна е заради тоа што укажува кога да се даде соодветен тип на лекови – рече Филипче.

 

Поврзани содржини