АНДОНОВСКИ ГО ПРЕЧЕКА ЦРНОГОРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ Mилатовиќ во Скопје ќе оствари средби со државниот врв

Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, пристигна во официјална посета на Македонија, каде ќе оствари средби со државниот врв. Фокусот е на економската соработка, регионалната стабилност и европската интеграција.

0

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, го пречека претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, на аеродромот во Скопје.
Посетата претставува потврда за добрите и пријателски односи меѓу двете земји, како и за заедничката посветеност кон унапредување на регионалната соработка и европската иднина, се вели во соопштението.

На покана на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот Милатовиќ престојува во официјална посета на земјава.






Во текот на следните два дена, претседателот Милатовиќ ќе оствари неколку билатерални средби со македонскиот државен врв, насочени кон зајакнување на соработката, со фокус на економскиот развој, регионалната стабилност и европската интеграција.

Посетата претставува потврда за добрите и пријателски односи меѓу двете земји, како и за заедничката посветеност кон унапредување на регионалната соработка и европската иднина.

Поврзани содржини