Јанчев: Попис треба да има пред летото

588

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, контра ставот на матичната партија ВМРО-ДПМНЕ, смета дека попис мора да се спроведе и дека најдобро време за тоа е пред летото, бидејќи во лето тешко се изведува, а на есен има локални  избори.

– Пандемијата не е пречка за спроведување на пописот. Таа ќе трае подолго и покрај вакцините. Ако чекаме да помине пандемијата, па ќе дојдат изборите, па ќе дојдат други избори, и никогаш нема да направиме попис – рече Јанчев во емисијата „Клик плус“.

 

Поврзани содржини