Јанчев и Кавадарци слават: Само напред момци, да стигнеме до врвот на Прва лига! (ВИДЕО)

908

Фудбалскиот клуб, ФК Тиквеш по долги години одново ќе биде дел од Првата лига на Македонија.

По тој повод градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, објави видео од прославата и упати честитка до фудбалскиот клуб.






„Честитки ТИКВЕШ!!! Кавадарци слави! Само напред момци, да стигнеме до врвот на Прва лига! За половина час победничкиот тим ќе стигне на градскиот плоштад во Кавадарци, да ги поздравиме со аплауз нашите момци“, напиша Јанчев на својот Фејсбук профил.

Поврзани содржини