ЈАНЧЕВ ГО ПРИФАТИЛ ИЗВИНУВАЊЕТО ОД ЛИЦЕТО КОЕ МУ СЕ ЗАКАНУВАШЕ Го повикал на разговор во својот кабинет

Тој го повикал лицето на разговор во својот кабинет. Лицето повторно се извинило, кажало дека е невработено, дека има деца и разни проблеми.

5,188

Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци, истакнал дека го прифаќа извинувањето на 35-годишникот кој му се заканувал, но дека заканите не се прифатливи како однесување, туку дека низ разговори се решаваат проблемите. Тој го повикал лицето на разговор во својот кабинет. Лицето повторно се извинило, кажало дека е невработено, дека има деца и разни проблеми.

Јанчев нагласил дека како градоначалник е отворен за граѓаните кои можат во секое време да му пријадат и да ги изнесат своите проблеми и дека ако е можно, тој ќе се обиде да им помогне.






Како што раскажа Јанчев за Фокус, лицето денеска буквално плачело на телефон и се извинувало за тоа што му се заканувало на граодначалникот во локал во Кавадарци.

„ПИЈАН БЕВ, ИМАМ ЛОШО ПИЈАНСТВО, ПРОСТИ МИ“ Насилникот му се јавил на Митко Јанчев и плачел како бебе

 

Поврзани содржини