📷 АНАСТАСИЈА РАЖНАТОВИЌ ПЛАТИЛА ЧАНТА КАКО АВТОМОБИЛ! Таа сподели видео од Дубаи, а сите гледаат само во еден детаљ

Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ Гудељ, сподели видео од Дубаи, а сите гледаа само на еден прескап детаљ.

2,550

Ќерката на српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ, Анастасија Ражнатовиќ Гудељ, сподели видео од Дубаи, а обожавателите не можеа, а да не го забележат модниот детаљ за кој таа потроши значителен износ на пари.

Анастасија престојувала неколку дена во Белград на семејната прослава на Свети Никола, а потоа се вратила кај сопругот Немања Гудељ во Севиља, Шпанија. Потоа, славниот пар решил да ги спакува куферите и да отпатува на одмор во Дубаи.






Анастасија сега на својот инстаграм-профил сподели видео од кафуле, а сите забележаа еден моден детаљ.

Имено, младата пејачка е снимена како носи шарен фустан со длабоко деколте, но она што на сите им паднало в очи е скапата чанта која Ражнатовиќ ја држела во скутот.

Станува збор за розова, мала чанта, од познатиот бренд „Луј Витон“, чија цена е неверојатни 3.495 евра.

ФОТО:

Поврзани содржини