Анализите од пиперкарската пиљара

Луѓе кои 1,5 секунда поздрав меѓу Заев и Трамп, сликан од фотографот Никола Димитров, го продаваа како сериозна стратешка победа на дипломатијата на СДС/ДУИ, сега ни продаваат политикантски „месни нарезак со вегета“ анализи за присуството на премиерот Мицкоски на инаугурацијата во Вашингтон.

2,506

Секој пробив на македонската дипломатија меѓу највлијателните луѓе во светот е успех за целата држава, за сите Македонци.

Секоја поддршка од најмоќните за нашите исправни ставови и борба, наспроти неразумните антимакедонски, антицивилизациски пречки на нашиот пат, е добредојдена, посакувана и неопходна.






Македонија може да биде горда што гради сериозни пријателства со најмоќните луѓе во светот.

Се разбира, ова не може да помине и без очекуваните политикантски „месни нарезак со вегета“ анализи, дека премиерот со двоглед го гледал Трамп од ложата на претседателот на Републиканската партија и дека карти за настанот се купувале преку агенции.

Карти така се купуваат за приватен концерт на Харис Џинович, а и да го пипнеш може, одблиску. Или да го снимаш со мобилен Харис, наместо Илон Маск и Трамп. Додека мезиш нарезак со вегета и Дом Перињон, восхитувајќи се на сопствените животни дострели.

Посебно е смешно кога таквите „опаски“ доаѓаат од луѓе кои 1,5 секунда поздрав меѓу Заев и Трамп, сликан од фотографот Никола Димитров, го продаваа како сериозна стратешка победа на дипломатијата на сдс/дуи. Бидејќи со пиљарскиот мајндсет, во кој 1,5 секунда беше сериозен успех, до тука дојдовме.

Секое сериозно лобирање за македонските интереси кое ќе вроди со успех, ќе биде успех за сите нас. Секое внимание и уважување на нашите позиции, какво бездруго имаше македонската државна делегација на чело со премиерот во Вашингтон, е корисно и полезно за сите Македонци.

Во светот веќе не нè претставува пиперкарската пиљара која водеше политика на најмал отпор, мислејќи само на фотелјите. Гледаме дека можело и поинаку, со принципиелност и работа за убедување на другите во исправноста на нашите принципи.

Не знам дали ќе „победиме“, но знам дека сум задоволен и горд кога гледам дека се бориме. За разлика од „како досега“, со понизност по понизност, да влегуваме од понижување во понижување.

И за тоа е заслужен сиот храбар и одлучен македонски народ, кој одбра за свои лидери луѓе со интегритет и со знаење.

А оние кои сметаат дека претседателот на републиканската партија седел предалеку на прославата на инаугурацијата, нека викнат уште по една тура нарезак со вегета, и нека продолжат со своите суштински и длабоки анализи, очекувајќи го следниот концерт на Харис Џинович.

Со таков ум – „остаричете, нечете знати“.

Да живее Македонија!

(Фејсбук статус на авторот, насловот е редакциски)

Поврзани содржини