АНАЛИЗА Ковид-19 се шири на три начини, најмногу преку аеросолите
Честичките се како чад од цигара. Ако некој човек зборува без маска во затворена просторија која не се проветрува, тогаш аеросолите остануваат во воздухот. Опасноста од зараза е толку поголема колку што е долга изложеноста на луѓетои во таа просторија. Ако сте сами и сте оддалечени од луѓето, тогаш не загрозувате никого.
Држење дистанца, миење на рацете, носење заштитни маски – овие три правила сме ги слушнале илјадници пати, но сепак, има причина зошто тие упорно се повторуваат.
Мартина Болшец Облак од „Дневник.хр“ посочува неколку корисни хипотетички ситуации кои би можеле да ни помогнат во тоа да не бидеме дел од статистиката со заразени од ковид-19.
Постојат три начини на ширење на коронавирусот, но не се сите начини подеднакво истражени. Од првиот ден е познато дека вирусот се шири преку капки, а тоа подразбира дека треба да се пазиме од луѓе коишто кашлаат или киваат во наша близина.
Вториот начин на ширење на ковид-19 е преку површините. Се сеќавате на оние совети и предупредувања дека опасност за ширење на заразата постои на банкоматите, на вратите, на столчињата…? Сепак, сè уште не е откриено дали тие честички се заразни. Американскиот Центар за контрола и превенција од болести соопшти дека „површинскиот“ начин на зараза е најмалку веројатен, а Европскиот Центар за контрола и превенција тврди дека досега не е докажан ниту еден случај на такво пренесување на вирусот.
Последниот начин на ширење на пандемијата е преку аеросолите. Имено, на тој начин вирусот најмногу се шири во светот. Аеоросолите се мали честички кои ги издишуваме додека зборуваме, а тие не се гледаат со голо око.
Честичките се како чад од цигара. Ако некој човек зборува без маска во затворена просторија која не се проветрува, тогаш аеросолите остануваат во воздухот. Опасноста од зараза е толку поголема колку што е долга изложеноста на луѓетои во таа просторија. Ако сте сами и сте оддалечени од луѓето, тогаш не загрозувате никого. Но, научниците за шпанскиот „El Pais“ претставуваат два корисни примера.
Првиот пример е дружењето „по дома“.
„Ни претстојат студени денови, сте повикале неколку пријатели во својот дом. Без маски, затворени се прозорците, сте седеле таму четири часа. Но, еден ваш пријател следниот ден развива симптоми. Тој е нулти пациент, а во опасност од зараза сте сите кои сте биле во просторијата. Во случај да сте носеле маски, бројот на заразени би се намалил“, пишува весникот.
Вториот пример е на училиште.
„Да речеме дека во едно одделение има 24 деца, а најважното е кој најмногу зборува во просторијата. Ризикот е поголем ако заразен е учителот, бидејќи тој најмногу зборува, додека, пак, децата одговараат на неколку прашања во текот на денот. По два часа поминати во затворена просторија со учител кој е заразен со ковид-19, голема е вероијатноста половина од учениците да се заразат со болеста. Ако сите носат маски во просторијата, тогаш ризикот опаѓа на пет ученици. Но, ако сите носат маски и ако прозорците се отворени, ризикот е само еден ученик“, истакнале научниците.
Најголемата разлика се гледа во тоа колку луѓето се гласни, односно ако седат во тишина, тогаш аеросолите се шират многу малку. Ако зборуваат, тогаш ширењето е за 10 пати поголемо, но ако пеат или викаат, тогаш вирусот се шири за 50 пати повеќе.