Јанакиески бара да остане во куќен притвор: Три години ме шетате од Шутка до дома!
Судијата во судскиот просец за 27 април Илија Трпков побара дваесетина минути пауза, за Судечкиот совет да ја донесе одлуката дали обвинетите кои денеска беа осудени на вкупно 25 години затвор, ќе одат веднаш зад решетки, или ќе им биде дозолено да одат во куќен притвор.
Поранешниот министер Миле Јанакиески. денеска осуден на 6 години и три месеци затвор за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата“ во настаните од 27 април 2017 година, побара ефектиниот притвор на кој инсистира Обвинителстото за сите обвинети да му се замени со куќен притвор.
– Секој што влегува во мојата зграда се проверува по бегството на Сашо Мијалков. Не е човечки да бидам пак однесен во Шутка и назад. Три години ме шетате Шутка, дома, дома Шутка. Ова е играње со човечки судбини – рече Јанакиески.
Тој своето барање го образложи за да може да ја спреми одбраната и за другите случаи во кои е обвинет, а во затвор му е ограничена таа можност. Против Јанакиески има дури девет обвиненија.
Тој, во една прилика, на судењето за 27 април, изјави дека од 1945 година наваму, не постои друг обвинет како него со толку обвиненија велејќи:
– Кога нема кој, Миле е крив.